on Ukus bresaka

Retrieve Ukus Bresaka Published By Vlada Urošević Rendered As Print

on Ukus bresaka

е роман напишан пред своето време, или однесен во минатото, таму некаде, во, од еден временски патник, стотици години подоцна. Инаку не можам да ги објаснам разликите помеѓу него и се останато што се пишувало во тоа време кај нас. Не можам да го објаснам неговиот пркос кон сета останата книжевност тогаш, гордо
Retrieve Ukus Bresaka Published By Vlada Urošević Rendered As Print
стоејќи над нејзе и врескајќи: јас можам поинаку! Убеден сум дека неговата вредност тогаш не била забележана, но запрепастен сум како и денес опстојува на маргините Зошто, побогу, ова се се анализира во средно Како што самиот роман се појавил не во свое време, така и тој говори за цикличната природа на времето. Во него почетокот е крај, крајот е почеток, а сите краеви не се ултимативни: и по оние најужасните, има нови почетоци. Така е и со земјотресот кој можеби однел цели светови, но истите тие се вратиле, можеби малку поразлични, но сепак во сржта исти, реинкарнации на нештата, на луѓето, на случувањата. Друго нешто кое ме запрепасти тука беше описот на Скопје во лето: тоа Скопје се срушило некој месец подоцна, од него останала само правта. Но се прашувам: како тогаш и ова Скопје денес е истото Како Урошевиќ сега да излегол на улица среде најжешкиот летен ден и обвиткан од сите испарувања од асфалтот да го насликал ова Скопје, денес. Можеби е така заради лирскиот израз кој навистина помага да се опише целата таа замелушеност во умот на секој кој чекорел, чекори и ќе чекори по тој асфалт во јули и август. Како и да е, ова беше навистина прекрасно четиво кое долго ќе го паметам како најдобриот роман за Скопје кој сум го прочитал. Препорака за сите! Само почекајте да дојде следното лето, па тогаш почнете го. See sitelink Влада Урошевиќ See sitelink Влада Урошевиќ sitelink,